Премиерот Зоран Заев оствари работни средби со в.д градоначалникот на Струга, Мустафа Забзун и градоначалникот на Охрид , Никола Бакрачески.
На средбата било разговарано за проблемите со кои се соочуваат двата града.
-Еден од заедничките проблеми за кои стана збор на оваа средба се проблемите во финансиското работење на двете единици на локална самоуправа кои се соочуваат со хроничното блокирање на сметките на општините, заради долговите кои се создадени од повеќе причини. Во најголема мера долговите на Охрид и Струга произлегуваат од кумулираните обврски заради ненавременото подмирување на кредитот од Европската банка за обнова и развој, кој во 1998 година го договори тогашното Министерство за трговија за изградбата на колекторот за прочистување на Охридското Езеро, а кое потоа отплатата на овој кредит им го префрли на општините“ – стои во соопштението на Владата на Република Македонија за остварените работни средби.
За остварените средби со Бакрачески и Забзун , премиерот Заев на својот Фејсбук профил напиша:
„ Имав две одделни средби со в.д. градоначалникот на Општина Струга, Мустафа Забзун и градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, во придружба на нивните најблиски соработници.
На двете средби ја најавив подготвеноста на Влада на Република Македонија да најде решение за управувањето на колекторот за прочистување на Охридското Езеро, да биде изземено од надлежноста на општините, бидејки грижата за ова природно богатство заштитено со УНЕСКО, повеќе не смее да биде препуштено на ризиците од загадувањето.“ – стои во објавата на премиерот Заев
Facebook Коментари