Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Повремено, облачноста ќе се зголемува и ќе има локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 38 степени. Во среда и четврток ќе преовладува сончево време со умерена облачност и услови за појава на нестабилност проследена со локален дожд и грмежи. Деновиве ќе имаме благ пад на температурите. Стабилизација на времето се очекува од петок.
Извор:УХМР
Facebook Коментари