Временска прогноза – Претпладне сончево со умерена облачност, попладне пороен дожд и грмежи

- Македонија
1001

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност . Во западните и северните делови од земјава ќе преовладува променливо облачно време, попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневните температури ќе се движат во интервал од 21 до 35 степени. Слично време ќе се задржи и во четврток, додека од петок се очекува стабилизација на времето и пораст на температурите.

Извор: УХМР

Facebook Коментари