Започнува петтото јубилејно издание на фестивалот „ДримОН“- што носи првиот фестивалски ден?

- Локални
885

Денеска започнува петтото јубилејно издание на фестивалот за процесирање култура  „ДримОН“ кој годинава се одржува под мотото „Градиме нови генерации“

Првиот фестивалски ден е насловен „Република депонија“ и го адресира проблемот со загадувањето во Струшката депонија, но и оди чекор понатаму – го става прашањето за проблемот со загадувањето воопшто. Освен панел дискусијта на Граѓанската иницијатива „Доста“, и проекција на филмови, „Република Депонија“ – продукција на  „Кадар“ и „Wasteland” во соработка со „Македокс“, овој ден ќе ја постави зелената зона во која ќе бидат лоцирани киното, работилниците, книжарата и базарот  на фестивалот.  Сетингот е овозможен во соработка со „Мрдни со прст“.   Неколку уметници мрдаат со прст  и на тридневната  „Треш колонија“ – уметнички инсталации од отпад  дониран од домаќинствата.  Во хотел „Дрим“, пријател на фестивалот, ќе биде отворена  изложбата на плакати во соработка со Полската амбасада, „Македонија како туристичка дестинација“.  Во вечерниот термин од 20 часот во фоајето на Центарот за култура е  отворање на ликовниот павилјон  на „Паратисима“  во кој со свои дела ќе бидат претставени четири авторки, како и изложбата на фотографии на Наташа Гелева, насловена „Фрагментација“.  Ова е првиот настан од фестивалската селекција  „За женски каузи“ – поддржана од ад хок грант на програмата на „Цивика Мобилитас“.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари