Временска прогноза – Облачно време со услови за дожд и грмежи, стабилизација од петок

- Македонија
1181

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.  Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, а УВ индексот ќе има вредност 6.  Дневните температури ќе се движат во интервал од 18 до 32 степени.  Од петок започнува стабилизација на времето, во текот на викендот ќе имаме сончево време со умерена облачност и температури кои ќе бидат во константен пораст.

Извор: УХМР

Facebook Коментари