„ДримОН“ посвети ден за лицата со попреченост , панел дискусија која даде позитивни примери и надеж

- Локални
1103

Вториот фестивалски ден на фестивалот ДримОН беше посветен на на лицата со посебни потреби, за пристапноста и пречките во општеството. Панел дискусија на оваа тема  ја отвори Александар Матовски- ЦАКО со читање на поезија за убавините на Струга и неговиот престој во Радожда. Учество во панелот зедоа и Игор Шајноски, продавач на Лице в Лице и Анита Гагоска од дневниот центар за лица со попреченост “Порака НОВА”.

Дискусијата предизвика голем интерес кај публиката, која го исполни просторот на Летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.Главниот фокус на панелот беше интеграцијата на лицата со попреченост во локалната средина и нивната социјализација.

Цако сподели ”Јас сум изненаден колку е инклузивна Струга. Успехот е тежок, јас сум борбен уште од самиот старт,сега се чувстувам како да летам во небото. На патот кон успехт моето семејство ми беше најголемата поддршка. Но, мојата борба не застанува тука, јас продолжувам да се борам лицата со попреченост и еднаквост за сите.”

-Во однос на прифатеноста од страна на општеството, Гагоска истакна дека како што се развива општеството така некои работи се менуваат на подобро, но без соработка со институциите и училиштата.

-Едно лице да биде работно ангажирано значи тој да го поседува целиот свет. Со тоа што тие се работно ангажирани и со тоа заработуват, допринесуваат за себе и семјството. Секој човек сака да биде корисен на некој начин, додава Анита Гагоска.

Во склоп со панел дискусијата беше отворена изложбата „AcessAbility“, на која беа  претставени фотографии и приказни кои ги прикажуваат предизвиците и успесите на лицата со посебни потреби. Автор на фотографиите е Томислав Георгиев, а на текстот Небојша Илијевски од агенцијата „Холистик“. Изложбата ја отвори, Ивана Накиќ од Шведска Амбасада.

Со тридневната авантура за деца започна вториот ден на Фестивалот за процесирање култура “ДримON”. Малите истражувачи преку различни загатки откриваа за струшката флора и фауна, јагулата но и за струшкиот фантом- депонијата.

Сана Гариќ, и Sugar Lobby, настапија на сцената на ДримON #5  директно од Белград, и ја кренаа на нозе струшката публика. Електро и техно звуците пријаа по поројниот дожд, а за расположението на најистрајните се погрижија Аndreas XZ & Klara Vedis.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари