Лев банер Десен банер

Научна конференција за аерозагадувањето

На 22 декември во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи Научна конференција за аерозагадувањето.

Светската популација сè повеќе се сели во градовите. Денес дури 50% од популацијата живее во град, а се очекува во 2050 година високи 80% од светската популација да живее во градовите. На сметка на овие податоци, градот располага со сѐ помалку простор за зеленило, а со тоа растат и загадувањето на воздухот, стресот, бучавата, но и алергиите и малигните заболувања предизвикани од зголемени температури во градот.

Првата научна конференција за аерозагадувањe е отворена за сите и која треба да понуди издржани научни информации за причините за загадувањето на воздухот во градовите низ републикава како и решенија за справување со овој многу сериозен проблем.

Конференцијата ќе се состои од два панела. Во првиот предавање ќе одржат универзитетските професори и претставничката од МЖСПП додека во вториот панел ќе учествуваат претставниците од граѓанскиот сектор.

Говорници на конференцијата: Прв панел – Проф. Д-р Драган Ѓорѓев (Институт за јавно здравје), Проф Д-р Трајче Стафилов (Институт за хемија при ПМФ), Мартина Спасовска (МЖСПП).

Втор панел – Невена Смилевска (Еко-свест), Ивана Драгшиќ (Плоштад Слобода), Билјана Дуковска (МППС), Александра Бујароска (Фронт 21/42).

Конференцијата е дел од проектот „City Tree”, спроведуван од Еко-свест и финансиски поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

error: