На 57-то издание на фестивалот Охридско лето кое се одржува под мотото „Патот до Магијата“ вечер ва ќе се одржи „Полска вечер“. По тој повод во прекрасната акустика на Катедралната Црква „Света Софија“ концерт ќе одржи Варшавскиот хармоникашки квинтет составен од:
Mариа Мачовска-виолина
Jустина Баран-виолина
Mарек Чех-виола
Александра Охар-виолончело
Kлаудиуш Баран-хармоника или бандонеон
Цената на билетот за овој концерт изнесува 400 денари, а почетокот на концертот е закажан за 20 часот и 30 минути
Facebook Коментари