Интернационалниот турнир„Струга 2017“ започнува на 12 август – ова е распоредот на натпревари

- Спорт
1375

Oд 12-ти до 15-ти август Струга ќе биде домаќин на 45-от интернационален ракометен турнир. Праксата од минатата година продолжува, односно и годинава учествуваат три странски и три македонски екипи. Се очекува овој турнир да ја продолжи традицијата со привлекување на голем број љубители на спортот. Натпреварите ќе се играат на отвореното ракометно игралиште „Женска плажа“ по следниов распоред:

Распоред на натпрвари, Струга 2017:

12 август
18:45 Свечено отворање
19:30 Шарт – Струга
21:15 Бешикташ – Алингсас

13 август
19:00 Бешикташ – Охрид
20:45 Металург – Шарт

14 август
19:00 Металург – Струга
20:45 Алингсас – Охрид

15 август
18:00 меч за петто место
19:45 меч за трето место
21:30 финале

 

 

Facebook Коментари