На Плоштадот на револуцијата во Струга, трета година по ред ќе се одржи „Саем на медот”, манифестација што ја организира Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, помогната од Општина Струга.
„Саемот на медот” во Струга ќе биде отворен на 5 август (сабота) со почеток во 10,00, со пригодни обраќања на градоначалникот на Општина Струга, др. Мустафа Забзун и претседателот на „Матица’ Шефит Шемшедини.
На „Саемот на медот” со свои производи учество ќе земат пчелари од Скопје, Штип, Радовиш, Кочани, Битола, Прилеп, Охрид, Дебар, Виница, Македонски Брод и Струга.
„Саемот на медот” во Струга се организира по трети пат и е традиционален, а целта е да се промовираат пчеларските производи и да се иницира поголема застапеност на оваа стопанска дејност во Македонија каде има одлични услови за оваа дејност.
Гости на манифестацијата „Саем на медот“ Стурга – 2017 ќе бидат пчелари од Србија и Албанија.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари