Патот до Магијата на „Охридско лето“ продолжува со два концерти

- Локални, Останати
1290

Вечерва со почеток од 20 часот и 30 минути во склоп на 57-то издание на фестивалот Охридско лето концерт ќе одржи „Трио Аура„  од Македонија составено од: Страшо Темков-флејта, Ана Гацева- пијано,Марјан Милошевски – фагот. Концертот ќе се одржи во катедралната црква Света Софија.

На истата локација со почеток од 22:00 часот концерт ќе одржи  Дувачкиот квинтет на Црна Гора составен од:Ана Абрамовиќ – хорна, Антонио Насевски- фагот ,Марија Ѓурѓевиќ-Илиќ- флејта, Надица Ристиќ-Симовиќ- обоа и Петар Гариќ, кларинет.

Охридско лето и во своето 57-мо издание останува на висина на задачата задоволувајќи ги сите вкусови од областа на музиката, театарот и воопшто културата и уметноста во нивната најсофистицирана смисла на зборот.

Извор: Strugaonline/Ohridsko leto

Facebook Коментари