Пчеларското здружение од Охрид информира дека успешно течат подготовките за саемот на „Охридски мед“ кој започнува утре. Во целост ви го пренесуваме нивното соопштение:
„Ви соопштуваме дека течат подготовките за организација на овогодинешниот саем на „Охридски мед“ кој е планирано да се одржува прелиминарно со почеток на 04.08.2017 и да трае неколку денови. Официјално за датумот ќе Ве информираме дополнително по добивањето согласност од Општина Охрид.
Ве молиме сите заинтересирани пчелари и фирми на кои основна или споредна дејност им е пчеларство, а дејноста ја обавувате на територијата на Охрид и Дебарца (членови на PZ Ohrid со платена членарина) да го пријавите Вашиот интерес за учество кај претседателот Тони Јосифоски (075/589-784) до 15.07.2017.
Бидејќи проектот го финансира Општина Охрид, а поддржува настани само од локален карактер, партиципанти може да бидат само локални чинители.
Се надеваме дека оваа година ќе имаме можност за учество на повеќе пчелни стопанства како резултат на зголемениот број тезги кои ги има обезбедено општината за одржување на вакви настани.
За да се избегнат недоразбирања Ве молиме да се пријавите што поскоро, распределбата ќе се врши по принципот „прв пријавен“.
За сите останати информации ќе Ве известуваме тековно, може да ни пишувате на ФБ страната или да се јавите кај претседателот или секретарот Крсте Тутурески.„ – велат организаторите.
Освен во Охрид, „Саемот на медот” ќе се одржи и во Струга. Истиот ќе биде отворен на 5 август (сабота) со почеток во 10,00, со пригодни обраќања на градоначалникот на Општина Струга, др. Мустафа Забзун и претседателот на „Матица’ Шефит Шемшедини.
Настанот ќе се случува на Плоштадот на револуцијата во Струга.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари