Граѓаните ќе бидат ослободени од поднесување годишна даночна пријава

- Македонија
852

Од следната година физичките лица ќе бидат ослобедени од обврската сами да одат на шалтерите на УЈП и да поднесат Годишна даночна пријава (ПДД – ГДП).

Владата неодамна донесе одлука за  промена на начинот за пресметка на персоналниот данок и поднесување на пријавите. Согласно владината одлука  УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на граѓанинот и во електронска форма да му ги достави на увид за дополнение или исправка.

Секое физичко лице ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци. Доколку забележи дека некои од остварените приходи во минатата фискална година не се евидентирани, ќе може самиот да ги додаде.

Извор: ОхридПрес/Strugaonline

 

Facebook Коментари