Superbrands соѕвездие во Македонија

На 21.12.2016, со почеток во 20.00 часот, во просториите на ТВ 21 на улица „Македонија“ во Скопје ќе се одржи првиот ексклузивен лет од Македонија во вселената. На најдобрите македонски брендови за 2015 и 2016 ќе им се додели признанието Superbrands и тие ќе им се придружат на најголемите светски ѕвезди во Superbrands семејството. Оваа меѓународна организација во Македонија секои две години ексклузивно, по пат на ригорозно гласање и избор, ги наградува најдобрите македонски компании, производи и личности со Superbrand значката која овозможува глобална препознатливост.
Оваа година една исклучителна личност ќе стане дел од Superbrands соѕвездието. Тој е најголемата македонска и интернационална ракометарска ѕвезда и е синоним за најдоблесните вредности кои секој бренд треба да ги има.

