Ученичките Леа Димоска и Мила Бојческа со прво место на меѓународен литературен конкурс
Голем успех за СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – ученичките Леа Димоска и Мила Бојческа од паралелката II-2 освоија прво место на литературниот конкурс „Меѓународна манифестација за деца и млади – Вилијам Шекспир“.
Двете млади авторки беа наградени за своите поетски творби, со кои ја воодушевија стручната комисија и ја потврдија својата креативност, талент и посветеност кон литературата. Овој значаен успех претставува уште една потврда за квалитетната работа и поддршката што учениците ја добиваат во училиштето.
Од гимназијата со особена гордост ги истакнуваат ваквите достигнувања, нагласувајќи дека младите поетски таленти се вистински амбасадори на училиштето и инспирација за своите врсници.
За постигнатиот успех, ученичките заедно со нивниот ментор, професор Јасмина Маркоска Цветаноска, беа наградени со дипломи.
Овој успех претставува мотив повеќе за понатамошни достигнувања и нови литературни предизвици за младите авторки.
StrugaOnline

