Лев банер Десен банер

Во Струга одржана информативна сесија „Фер ангажман“ – чекор напред кон намалување на сивата економија

Во просториите на Општина Струга вчера успешно се одржа информативната сесија „Фер ангажман“, организирана од Center for Research and Policy Making, која привлече голем интерес кај институциите, бизнис секторот и граѓаните.

Присутните имаа можност подетално да се запознаат со примената на Законот за работно ангажирање на лица, како и со придобивките што произлегуваат од него. Особено внимание беше посветено на правата и обврските на работниците и работодавачите, со цел поттикнување на фер и законско вработување.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Струга, Менди Ќура, кој во своето обраќање нагласи дека локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи, особено оние што се насочени кон заштита на работничките права и унапредување на условите за работа.

Информативната сесија „Фер ангажман“ претставува значаен чекор кон зголемување на јавната свест за формализирање на работните односи и намалување на сивата економија, што е од клучно значење за економскиот развој и стабилноста на заедницата.

StrugaOnline

error: