Кривична пријава за три лица од Вевчани за злоупотреба на службената положба во ПШС „Јабланица“ Струга
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61) и А.А.(60), сите од општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење во службата“.
Првопријавениот, на работно место раководител во Подрачно шумско стопанство Јабланица-Струга, со неизвршување надзор на целокупната постапка на посечената дрва маса, транспорт и наплата на истата, не спречил незаконско работење на вработените, со што овозможил имотна корист. Второпријавениот, на работно место референт за користење заштита и одгледување на шуми во ПШС „Јабланица“ Струга, пропуштил должен надзор на посечената дрвна маса, постапување и транспорт на дрвната маса. Додека, третопријавениот, на работно место референт за сеча и дотур, искористувајќи ја својата службена положба несовесно работел, издавал испратници за превоз на бесправна сеча директно на физички лица, која претходно ја жигирал иако знаел и бил свесен дека е спротивно од правилникот од Законот за шуми и од Правилник за видот и начинот на жигосување за исечено дрво, начинот на издавање на испратница и пуштање во промет на исечена дрвна маса. На тој начин пријавените причиниле материјална штета на ЈП „Национални шуми“ и на државнито буџет во износ од 280.436 денари.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

