Лев банер Десен банер

Кривична пријава за лице од Франгово за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.Г.(57) од с.Франгово, струшко и правно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 29.12.2025, полициски службеници од ОВР Струга извршиле контрола во маркет, сопственост на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени поголема количина на пиротехнички средства.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: