Лев банер Десен банер

Струга дел од регионален дијалог за спречување на радикализација и насилен екстремизам

Општина Струга активно се вклучи во регионалните напори за справување со современите безбедносни предизвици преку учество на тркалезната маса посветена на спречување на насилен екстремизам и радикализација што води кон тероризам. Настанот, организиран од OSCE, се одржа во Тушемишт, Албанија.

На средбата присуствуваше секретарот на Општина Струга, Крешник Каба, кој потенцираше дека општината континуирано соработува со релевантните институции, како на локално, така и на национално ниво. Според него, зајакнувањето на координацијата и заедничкото делување е клучно за ефикасно справување со овие појави.

„Општина Струга останува отворена за соработка со сите релевантни чинители, бидејќи само преку заеднички пристап можеме да одговориме на современите безбедносни и општествени предизвици“, истакна Каба.

Посебен акцент на тркалезната маса беше ставен на прекуграничната соработка, при што Поградец беше посочен како природен партнер на Струга. Размената на искуства, знаења и заедничките иницијативи беа нагласени како важни чекори кон градење поефикасни локални стратегии.

„Соработката со Поградец ја гледаме како важна можност за развој на заеднички пристапи кои ќе имаат директно влијание на локално ниво“, додаде Каба.

Учеството на Општина Струга на вакви регионални настани претставува значаен придонес кон зајакнување на институционалните капацитети, размена на добри практики и продлабочување на регионалната соработка, со крајна цел создавање побезбедни и поотпорни заедници.

StrugaOnline

error: