Лев банер Десен банер

ЖРК Струга доминантно до победа над ЖРК Спартак

Женскиот ракометен клуб Струга забележа убедлива победа на гостувањето кај Спартак, триумфирајќи со 25:11 во рамките на 17. коло од Пионерската женска лига. Стружанките уште од самиот почеток го наметнаа својот ритам, па на полувреме заминаа со висока предност од 14:3, која рутински ја одржаа до самиот крај.

Најефикасни во редовите на ЖРК Струга беа Димитровска Матеа и Симоновска Калина со по 7 погодоци, додека значаен придонес дадоа и Пејоска Леа со 4 гола, Крстановска Ива со 2, како и Димоски Матеа, Јанкоска Теодора, Астеска Маја и Чакар Деспина кои се запишаа меѓу стрелците. Тимската игра и распределбата на головите беа клучни за убедливиот триумф.

Од таборот на клубот по натпреварот истакнаа:

„Денес нашите девојки ја заслужија победата и покажаа игра каква што најдобро знаат – сигурна, борбена и со многу срце! Со тимски дух, упорност и огромна желба за успех, повторно докажаа дека кога играат сложно, резултатите не изостануваат.“

Со оваа победа, ЖРК Струга уште еднаш потврди дека е еден од најсериозните тимови во лигата, демонстрирајќи квалитет, дисциплина и одлична колективна игра.

StrugaOnlina

error: