Време: Сончево и многу топло – температури до 40 степени низ Македонија

- Македонија
760

 

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време. Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб, до умерен ветер од југоисточен правец, а УВ индексот ќе има висока вредност 9. Дневните температури ќе се движат во интервал од 30 до 40 степени.  И во наредните три дена во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време со температури кои ќе го надминат 40-от степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари