Спасувачи на вода од Германија волонтираат на струшките плажи

- Локални
1487

Спасувачи на вода од градот Фирт (Германија) оваа недела престојуваат во Струга. Заедно со своите колеги од Црвен Крст-Струга тие ќе волонтираат на струшките плажи, а оваа посета е резултат на долгогодишната соработка на ЦК Струга со организацијата Црвен Крст од збратимениот град Фирт.

„Оваа соработка за нас е многу важна, бидејќи дава можност за размена на искуства„ – вели за Strugaonline Адуриме Даути, секретар  во  Црвениот крст – Струга

Даути додава дека во склоп на планираните актвиности, во петок на струшкото крајбрежје ќе се одржат спасителски вежби во кои ќе учествуваат спасители од Струга, Охрид и Фирт.

Извор: Strugaonline

 

Facebook Коментари