Пријавен татко за напад врз неговиот малолетен син, а таткото пријавил дека мајката ги оставала децата да спијат во возило
На 08.06.2026 во ОВР Струга е извршен службен разговор со В.С.(40) од едно струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син. Тој, на 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул.ицата „Владо Малески” ги затекнале децата како спијат. Децата се предадени на таткото В.С. и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

