Лев банер Десен банер

Викендов ќе се одржи единаесетто издание на ,,STRUGA OPEN 2026“

На 13 и 14 јуни 2026 година во спортската сала Билјанини Извори ќе се одржи 11. Меѓународен џудо турнир „STRUGA OPEN 2026“, еден од најзначајните спортски настани во регионот посветени на џудото и младинскиот спорт.

Турнирот ќе започне во 10:00 часот во сабота и недела, а годинава се очекува учество на повеќе од 800 натпреварувачи од 20 земји. Спортистите ќе имаат можност да ги демонстрираат своите технички вештини, натпреварувачки дух и посветеност кон џудото, во атмосфера исполнета со спортска енергија и меѓународно дружење.

„STRUGA OPEN 2026“ продолжува да ја зацврстува својата репутација како престижен меѓународен турнир кој секоја година привлекува голем број клубови и натпреварувачи од различни земји, придонесувајќи за развојот и промоцијата на џудото во регионот.

Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот, родителите и граѓаните да присуствуваат на настанот и да им дадат поддршка на младите џудисти во нивните настапи.

Очекувањата се и ова издание на турнирот да понуди врвни борби, нови спортски пријателства и уште една успешна промоција на џудото на меѓународната сцена.

StrugaOnline

error: