Брутален напад врз жена пред нејзините малолетни деца – кривична пријава за сторителот

- Хроника
1026

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава  против И.Џ. (39), македонски државјанин на привремена работа во Шведска.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 29-ти јуни оваа година околу 21,00 часот, во куќа на улицата ,,Наум Охридски” во Охрид. Тука, тој започнал жестока вербална расправија со В.Џ. која во куќата престојувала заедно со нејзините малолетни деца. Во момент на револт и агресивно однесување, И.Џ. со рацете ја фатил за вратот а потоа држејќи ја за главата ја удирал  од зидот. Од силината на ударите, оштетената В.Џ. се здобила со видливи телесни повреди и веднаш била пренесена во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид каде и е пружена неопходната медицинска помош.

Извор: СВР Охрид

 

 

Facebook Коментари