Денес и утре, единаесетто издание на ,,STRUGA OPEN 2026“
Денес и утре, 13 и 14 јуни 2026 година со почеток во 10 часот во спортската сала Билјанини Извори ќе се одржи 11. Меѓународен џудо турнир „STRUGA OPEN 2026“, еден од најзначајните спортски настани во регионот посветени на џудото и младинскиот спорт.
Годинава се очекува учество на повеќе од 800 натпреварувачи од 20 земји. Спортистите ќе имаат можност да ги демонстрираат своите технички вештини, натпреварувачки дух и посветеност кон џудото, во атмосфера исполнета со спортска енергија и меѓународно дружење.
„STRUGA OPEN 2026“ продолжува да ја зацврстува својата репутација како престижен меѓународен турнир кој секоја година привлекува голем број клубови и натпреварувачи од различни земји, придонесувајќи за развојот и промоцијата на џудото во регионот.
Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот, родителите и граѓаните да присуствуваат на настанот и да им дадат поддршка на младите џудисти во нивните настапи.
Очекувањата се и ова издание на турнирот да понуди врвни борби, нови спортски пријателства и уште една успешна промоција на џудото на меѓународната сцена.
StrugaOnline

