Лев банер Десен банер

Денеска изложба „Македонски автори од Збирката на современа уметност“ по повод 75 години од НУ Завод и Музеј – Охрид

По повод големиот јубилеј – 75 години од основањето на НУ Завод и Музеј – Охрид, љубителите на уметноста ќе имаат можност да посетат посебна изложба насловена „Македонски автори од Збирката на современа уметност“, која ќе биде отворена денеска, 12 јуни во просториите на установата.

Изложбата претставува внимателно одбран избор на дела од богатата музејска колекција, нудејќи увид во творештвото на значајни македонски автори и уметнички правци кои оставиле длабока трага во развојот на современата македонска уметност.

Преку оваа поставка, посетителите ќе имаат можност повторно да се сретнат со дел од културното наследство што НУ Завод и Музеј – Охрид го собира, проучува, заштитува и презентира веќе седум и пол децении.

Изложбата е дел од програмата за одбележување на значајниот јубилеј на институцијата, која низ своето долгогодишно постоење има клучна улога во зачувувањето и афирмацијата на културното богатство на Охрид и Македонија.

Директор на проектот е м-р Горан Патчев, додека куратор на изложбата е м-р Сашо Блажески.

Свеченото отворање е закажано за денеска, 12 јуни со почеток во 20:00 часот во НУ Завод и Музеј – Охрид, а изложбата ќе може да се посети до 8 јули.

Од установата упатуваат покана до граѓаните, љубителите на уметноста и културата да бидат дел од одбележувањето на овој значаен јубилеј и да уживаат во делата на македонските уметници кои се дел од вредната музејска збирка.

StrugaOnline

error: