Охриѓанец пријавен за бесправно градење на државно земјиште во Трпејца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од охридското село Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”. На катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба, издадено од надлежен орган.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

