Лев банер Десен банер

Општина Струга отстрани нелегално поставена урбана опрема во Кочва Мала

Општина Струга продолжува со активностите за заштита, уредување и правилно користење на јавните површини на територијата на општината.

Во текот на денешниот ден, надлежните општински служби спроведоа акција за отстранување на урбана опрема во Кочва Мала, која била поставена на јавна површина без соодветно одобрение од локалната самоуправа.

Од Општина Струга информираат дека поставувањето урбана опрема, рекламни материјали, инвентар и други елементи на јавни површини е дозволено исклучиво по претходно добиено одобрение од надлежните општински служби.

„Јавните површини се заедничко добро на сите граѓани и нивното уредно користење придонесува за поголема безбедност, подобра функционалност и поубав изглед на градот. Со почитување на законските процедури, заеднички создаваме почиста, поуредна и попривлечна Струга“, велат од Општината.

Локалната самоуправа нагласува дека останува посветена на заштитата на јавниот интерес и најавува континуирани контроли на терен со цел спречување на узурпација на јавните простори.

Воедно, од Општина Струга упатуваат апел до граѓаните и деловните субјекти да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат во зачувувањето и унапредувањето на јавните површини во градот.

error: