Приведен 18-годишник од Ташмаруништа, кај него пронајдена марихуана и други предмети
На 18.06.2026 во 01:10 часот на улица „Маршал Тито” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ц.В.(18) од струшкото село Ташмаруништа затоа што при преглед кај него се пронајдени и одземени марихуана и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

