Лев банер Десен банер

Успешно се одржа 11. Меѓународен џудо турнир „STRUGA OPEN 2026“

Над 800 натпреварувачи од 20 земји ги одмерија силите во спортската сала „Билјанини Извори“.

Во спортската сала „Билјанини Извори“ изминатиот викенд успешно се одржа 11. Меѓународен џудо турнир „STRUGA OPEN 2026“, кој уште еднаш ја потврди својата позиција како еден од најзначајните спортски настани во регионот посветени на џудото и младинскиот спорт.

На турнирот учествуваа повеќе од 800 натпреварувачи од 20 држави, кои во текот на двата натпреварувачки дена ги покажаа своите технички вештини, спортски дух и посветеност кон овој олимписки спорт.

Натпреварите се одвиваа во одлична атмосфера, исполнета со спортска енергија, фер-плеј и меѓународно дружење, а присутните имаа можност да проследат голем број квалитетни борби во различни возрасни категории.

Со своето 11-то издание, „STRUGA OPEN“ продолжи да ја зацврстува репутацијата на престижен меѓународен турнир кој секоја година привлекува сè поголем број клубови и спортисти од различни земји, придонесувајќи за развојот и афирмацијата на џудото на регионално и меѓународно ниво.

Организаторите изразија задоволство од успешната реализација на турнирот и им се заблагодарија на сите учесници, тренери, судии, волонтери и поддржувачи кои придонесоа за уште едно успешно издание на „STRUGA OPEN 2026“.

StrugaOnline

error: