Кадетките на ЖКК Струга 2009 освоија трето место на меѓународен турнир во Србија
Кадетската екипа на ЖKK Струга 2009 се врати од Србија со освоен пехар за третото место на меѓународниот „Видовденски турнир“, кој викендов се одржа во Крушевац.
Струшките кошаркарки имаа успешен настап на турнирот, а во полуфиналето пружија силен отпор против домаќинот ЖКК Багдала. По неизвесен натпревар, домаќинките славеа со 55:50 и обезбедија пласман во финалето.
Во мечот за третото место, кошаркарките на ЖКК Струга 2009 одиграа вистинска драма против екипата Тандер од Смедеревска Паланка. По два продолженија, стружанки успеаја да стигнат до победата и заслужено го освојат третото место на турнирот.
Дополнително признание за успешниот настап доби и кошаркарката Тамара Нелоска, која беше прогласена за најкорисен играч (MVP) на турнирот, како најдобра кошаркарка меѓу сите учеснички.
Освоениот пехар и индивидуалното признание претставуваат уште една потврда за квалитетната работа во ЖКК Струга 2009 и добар мотив за младите кошаркарки во пресрет на новите предизвици.
StrugaOnline

