Лев банер Десен банер

Започна пријавувањето за учество на Спортскиот фестивал „Илинден“

Започна пријавувањето за учество на четвртото издание на Спортскиот фестивал „Илинден“ што на 2 август ќе се одржи во Струга, во организација на спортско-рекреативниот клуб „Соларис“, информира Претседателот на организацискиот одбор Крунислав Гаговски.

Организаторите на традиционалната спортска манифестација „Илинден“ на реката Црн Дрим годинава го најавуваат јубилејното, петто издание, упатувајќи благодарност до сите натпреварувачи кои со своето учество придонеле настанот да прерасне во препознатлива спортска традиција.

Натпреварувачите може да се пријават во две од четирите натпреварувачки дисциплини: пливање, кајак, суп и такла.

– Пријавувањето ќе се врши до пополнување на бројот по натпреварувачка дисцилина. Согласно овогодинашните правила тоа може да го направите во две од четирите натпреварувачки дисциплини: пливање, кајак, веслање СУП и традиционалниот скок Такла. Апликацијата за пријавување е објавена на официјалната фејсбук страна на Фестивалот, изјави Гаговски.

„Стигнавме до нашето петто издание, а тоа немаше да биде возможно без поддршката и довербата од сите натпреварувачи кои низ годините беа дел од оваа приказна. Благодарни сме што заедно ја градиме оваа традиција“, велат организаторите.

Право на учество на спортскиот фестивал „Илинден“ имаат сите заинтересирани граѓани со претходна пријава: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeEcXD38kUre5lGIBlfPwZfz-UhheWxLvovfXarSi68l3VesA/viewform

StrugaOnline

error: