Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Тешка кражба во црквата „Св. Никола” во Трпејца, физички напади…

На 30.06.2026 во 20:10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Д.К. физички нападнал малолетник, двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 201-а од Кривичниот законик „насилство врз дете”.

На 30.06.2026 во 15:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во Охрид, З.Х. физички ја нападнал Н.Р.(64) од Тетово. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

На 30.06.2026 во СВР Охрид е пријавено дека во црквата „Св. Никола” во охридското село Трпејца, била извршена тешка кражба, при што се одземени пари и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: