Лев банер Десен банер

Утре во Вевчани промоција на новата книга „Мрачни импулси“ од Јордан Коцевски

Во рамките на културната манифестација „Вевчанско лето 2026“, утре со почеток во 20:00 часот, во Мултикултурниот центар во Вевчани ќе се одржи промоција на новата збирка раскази „Мрачни импулси“ од авторот Јордан Коцевски.

За книжевното дело ќе говори промоторот Тони Попов, кој ќе се осврне на тематиката, стилот и пораките што ги носи најновата книга на Коцевски. Настанот ќе биде можност љубителите на литературата да се запознаат со авторот, да дознаат повеќе за процесот на создавање на книгата и да разговараат со него.

Организаторите ги покануваат сите љубители на книжевноста, уметноста и културата да бидат дел од оваа книжевна вечер, која е дел од богатата програма на „Вевчанско лето 2026“.

Промоцијата ќе се одржи утре недела, со почеток во 20:00 часот, во Мултикултурниот центар во Вевчани.

StrugaOnline

error: