Спасувачи на вода од градот Фирт (Германија) кои оваа недела престојуваат во Струга, заедно со своите колеги од Црвен Крст-Струга утре во 11:00 часот на плажата во хотел „Бисер“ ќе одржат спасителски вежби. Освен спасители од Фирт и Струга, во вежбите ќе учествуваат и спасители од Охрид.
Спасувачите на вода од Фирт гостуваат во Струга и волонтираат на струшките плажи благодарение на долгогодишната соработка која се негува помеѓу ЦК Струга и организацијата Црвен Крст од збратимениот град Фирт.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари