Лев банер Десен банер

Советот на Струга не обезбеди мнозинство за предлогот за стационар за бездомни кучиња во Струга

Општина Струга засега нема да гради стационар за бездомни кучиња, откако вчера Советот на Општината не ја усвои физибилити студијата за реализација на проектот преку модел на јавно-приватно партнерство. Со тоа, проблемот со големиот број улични кучиња во градот и натаму останува нерешен, а кучињата ќе продолжат да бидат на улиците додека не се изнајде прифатливо решение.

Предлогот не доби потребно мнозинство, откако 10 советници гласаа „за“, а 11 беа воздржани.

Предлогот се однесуваше на воспоставување стационар за собирање и згрижување на бездомните кучиња, со цел да се обезбеди организиран пристап кон справување со овој проблем, кој подолг период е актуелен во Струга поради честите реакции на граѓаните за присуството на кучиња скитници на јавните површини.

Со оглед дека не беше обезбедено потребното мнозинство, предлогот не беше усвоен.

StrugaOnline

error: