Лев банер Десен банер

Објавена е програмата за престојниот „Струга Фест 2026“

Општина Струга ја објави официјалната програма за фестивалот „Струга Фест – Културно уметничка недела 2026“, кој ќе се одржи од 14 до 20 јули на повеќе локации низ градот.

Фестивалот ќе започне на 14 јули со свечено отворање во центарот на Струга со почеток во 20:30 часот. На отворањето ќе настапат Селами Колоња, Никола Никпрелај, Илир Шаќири, Кастриот Туша, Енкеледа Алуши и Хисни Алуши.

На 15 јули, во Домот на културата ќе биде изведена театарска претстава од Бајруш Мјаку, додека на 16 јули во Паркот на поезијата ќе се одржи уметнички концерт со настап на Елита Реџи и Кастриот Туша.

Љубителите на литературата ќе можат да присуствуваат на Поетската вечер на 17 јули, која ќе се одржи во Sky Drini со почеток во 20:00 часот. Настанот е посветен на современата поезија и ќе обедини поети и литературни творци.

Во рамки на фестивалот, на 18 јули ќе се организира и спортскиот настан „Ватерполо на Дрим“, кој ќе се одржи на Црн Дрим во организација на Youth of Struga.

Програмата продолжува на 19 јули со ликовна изложба во дворот на Општина Струга, каде ќе бидат изложени дела од уметникот Енкел Дика, а фестивалот ќе биде затворен на 20 јули во Домот на културата со настап на Џеврие Туле.

StrugaOnline

error: