Струга доби слободна градска плажа
Општина Струга го уреди првиот дел од идната градска плажа, кој планираат просторот во следниот период постепено да го трансформираат во уредено, достапно и достоинствено место за одмор и рекреација на граѓаните.
Од Општина Струга информираат дека ова е еден од чекорите во насока на враќање и унапредување на јавните простори, со цел тие повторно да бидат ставени во функција на граѓаните.
„Чекор по чекор, ги враќаме јавните површини таму каде што припаѓаат, кај граѓаните. Ова е само почеток. Пред нас има уште многу работа, но нашата определба останува јасна – да создаваме уредени, безбедни и достапни простори кои ќе служат на сите“, велат од Општина Струга.
StrugaOnline

