Лев банер Десен банер

Шведската амбасадорка во земјава во посета на Општина Струга

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, вчера оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија, Елизабет Далберг Фриск, на која беше разговарано за можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес.

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што соговорниците разменија мислења за идните активности насочени кон унапредување на заштитата на животната средина, јакнење на демократските процеси и создавање еднакви можности за сите граѓани.

Посебен акцент беше ставен на важноста од партнерството меѓу локалната самоуправа и меѓународните партнери во креирањето одржливи политики и иницијативи што придонесуваат за подобар квалитет на живот и развој на локалната заедница.

Од Општина Струга истакнуваат дека остануваат посветени на градење силни меѓународни партнерства, размена на добри практики и реализација на проекти кои го поддржуваат одржливиот развој, доброто владеење и унапредувањето на животот на граѓаните.

StrugaOnline

error: