СВР Охрид ја започна кампањата „Вози тротинет безбедно“ за поголема сообраќајна безбедност
СВР Охрид, во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот – Охрид, ја започна превентивната кампања „Вози тротинет безбедно“, чија цел е да ја зголеми безбедноста на лицата кои управуваат електрични тротинети и да придонесе за намалување на сообраќајните незгоди.
Во рамки на кампањата, полициски службеници од Отсекот за превенција, заедно со претставници на Советот, на повеќе локации низ градот разговараа со возачите на електрични тротинети, информирајќи ги за правилата и прописите за безбедно учество во сообраќајот.
Посебен акцент беше ставен на новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се однесуваат на управувањето со електрични тротинети, а на учесниците во сообраќајот им беа поделени и едукативни летоци со најважните законски обврски и препораки за безбедно возење.
Од СВР Охрид посочуваат дека целта на кампањата е да се подигне свеста кај возачите на електрични тротинети за одговорно однесување во сообраќајот, подобро информирање за законските правила и обврски, како и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и повреди во кои учествуваат корисниците на овој вид превоз.
Извор: СВР Охрид
StrugaOnline

