Нова донација за Општата болница во Охрид: Телевизори поставени на три одделенија за поголема удобност на пациентите
ЈЗУ Општа болница Охрид доби нова донација, со која беа обезбедени телевизори за болничките соби на Одделенијата за Педијатрија, Геријатрија и Гинекологија и акушерство.
Од болницата информираат дека донацијата ќе придонесе за попријатен престој на пациентите, особено за најмалите, повозрасните лица и мајките кои престојуваат на овие одделенија.
„Се грижиме за оние на кои им е најпотребна поддршка – за најмалите пациенти, за нашите повозрасни сограѓани и за мајките кои го носат и го даруваат најголемиот подарок – новиот живот. Телевизорите ќе придонесат престојот во болница да биде попријатен, а деновите на лекување полесни за пациентите и нивните семејства“, велат од ЈЗУ Општа болница Охрид.
Од здравствената установа упатија искрена благодарност до донаторите, истакнувајќи дека секоја ваква поддршка значително придонесува за подобрување на условите за лекување.
„Заедно создаваме подобри и похумани услови за лекување во ЈЗУ Општа болница Охрид“, порачуваат од болницата.
StrugaOnline

