Времето денес сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
15 Куманово, 12 Крива Паланка, 10 Берово, 7 Струмица, 6 Виница, 1 Штип.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

