Доаѓа најсветлиот дожд од метеори – набљудувајте со голо око и замислете желба

- Занимливо
1528

Подготвени ли сте за најсветлиот дожд од метеори? Дождот се очекува да започне токму денеска (11 август) а ќе трае до 13-ти август. Највидлив ќе биде утре, а астрономите предвидуваат дека годинава ќе настапи најсветлиот дожд од метеори во последниве 100 години.

Оваа појава на небото, позната е како „Метеорски дожд Персеиди“ и се случува секоја година помеѓу 17-ти јули и 24-ти август. Најдобар поглед кон светлиот дожд ќе имаат луѓето на северната хемисфера. Упатените препорачуваат небото да се набљудува со голо око бидејќи единствено на тој начин ќе имате можност да забележите повеќе метеори наеднаш.

Дождовите од метеори се случуваат кога честички од вселената се судираат со атмосферата на Земјата со огромна брзина.

Се верува дека за време на метеорскиот дожд, гледајќи кон небото треба да замислиме желба.

 

Facebook Коментари