Проектна иницијатива „Детски свет“ и Вечер на македонски виолинисти на „Охридско лето“

- Локални
953

Во склоп на совојата програма, фестивалот „Охридско лето“ за вечерва најавува Вечер на македонски виолинисти. На концертот кој ќе се одржи во катедралната Црква „Света Софија“ со почеток од 20:30 ќе настапат: Kлимент Тодороски – виолина, Дино Имери – пијано, Kостадин Богданоски – виолина, Mарија  Ѓошевска- пијано.

По повод Меѓународниот ден на младите, во склоп на фестивалот,  на различни локации во Охрид, со почеток од 12:00 часот ќе биде претставена проектната иницијатива „Детски свет“ организирана од страна на Центар за креативен развој и Арт Вивенди во соработка со Министерство за култура и Охридско лето

Facebook Коментари