Истражување: Фотографиите на инстаграм откриваат дали боледуваме од депресија?!

- Занимливо
1352

Многу луѓе на своите „инстаграм“ профили успеваат да остават впечаток дека живеат среќен и исполнет живот. Но доколку обрнеме внимание на детали, можеме да забележиме дали е тоа навистина точно или не.

Една студија објавена на порталот  „ EPJ Data Science“ тврди дека сликите на кои преовладуваат  сини тонови, или на кои владеат потемни бои се показател дека личноста која ги објавила на својот профил е склона кон депресија.

Студијата вклучила 166 испитаници меѓу кои 70 боледувале од депресија. Секој од испитаниците им дал пристап на научниците до своите фотографии, така научниците имале можност да анализираат 43 000 фотографии.

Со помош на компјутер и вештачка интелигенција, секоја фотографија била анализирана пиксел по пиксел за да се откријат карактеристиките на бојата на фотографиите и лицата кои ги објавиле. На тој начин, научниците се труделе да откријат кои испитаници боледуваат од депресија, а кои не.

Компјутерот откривал луѓе кои боледуваат од депресија со успешност од 70%.

За сите фотографии од лицата кои боледувале од депресија заеднички биле темните бои, повеќе коментари од лајкови, ретка употреба на филтери, а кога бил користен филтер најчесто се работело за  „Inkwell“.

Научниците кои работеле на ова истражување истакнале дека резултатите треба да се земат со резерва бидејќи бројот на испитаници бил мал.

Facebook Коментари