Дарко Лешоски е новиот претседател на Управниот одбор на Струшки вечери на поезијата

- Локални
1320

Поетот Дарко Лешоски е новиот претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, објави порталот СДК.

Лешоски доаѓа на местото на поетот Славе Ѓорго Димоски, кој оваа функција ја вршеше од 2008 година.

Дарко Лешоски, стана познат за јавноста објавувајќи своја авторска поезија на социјалните мрежи,   а во 2013-та година ја промовираше својата прва збирка „Дете од лоша фамилија“ во издание на „Табернакул“.  Во јули годинава излезе од печат дека неговата втора збирка, насловена како „…И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека“, приватно спонзорирано издание без поддршка од Министерствота за култура.

Годинешното 51. Издание на манифестацијата СВП ќе се одржи на крајот на месецов. но иако на директорот Мите Стефоски му е истечен мадантот, тој ќе остане на функцијата и по локалните избори закажани на 15 октомври. Од Министерството за култура велат дека и покрај истечениот мандат, не може да распишат конкурс за нов директор бидејќи е започнат предизборниот период. Нов директор ќе се бира по завршувањето на локалните избори.

Извор: SDK.MK

Фото: Дарко Лешоски фб

Facebook Коментари