Во Италија живеат најздравите луѓе на светот

- Занимливо
1198

Листата на Bloomberg Global Health Index покажува дека во Италија живеат најздравите и најдоговечните луѓе на светот. Според податоците, Италијаните се во подобра форма кога станува збор за здравјето и од Американците, Канаѓаните и Британците, кои најчесто боледуваат од висок крвен притисок, холестерол и слабо ментално здравје.

Ако се земе во предвид дека Италија има слаба економија и голем процент на невработеност, оваа листа докажува дека здравата храна е избор кој може и треба да го направиме без разлика на финансиската состојба. Италијаните имаат добри навики и нивните оброци се богати со риба, овошје, зеленчук, маслиново масло.

Во првата петторка земји во кои живеат најздравите луѓе спаѓаат Исланд, Швајцарија, Сингапур и Австралија

Листата е направена според основни варијабли како што се: очекуваниот животен век, причини за смрт, здравствени ризици, пушење цигари, исхрана и пристап до чиста вода.

Facebook Коментари