Лев банер Десен банер

Јавна расправа за измените на Генералниот урбанистички план на Струга на 13 ноември

Општина Струга ги информира граѓаните и сите заинтересирани страни дека во текот на ноември ќе се одржат јавна и стручна расправа во рамки на постапката за Измена и дополнување на Генералниот урбанистички план на Струга (2007–2017).

Станува збор за измени и дополнувања кои се однесуваат на Блок 2 од Урбана единица 11, за планскиот период 2022–2032 година.

Јавната расправа ќе се одржи на 13 ноември 2026 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Струга. На расправата граѓаните и останатите заинтересирани страни ќе имаат можност да се информираат за предложените измени и да учествуваат во процесот.

Предвидена е и стручна расправа, која ќе се одржи на 20 ноември 2026 година, во 12:00 часот, исто така во просториите на Општина Струга.

Од Општина Струга ги повикуваат заинтересираните граѓани, институции и засегнати страни да се информираат за планската документација и активно да се вклучат во процесот преку учество на предвидените расправи.

StrugaOnline

error: