Лев банер Десен банер

Ќура со претставници на Советот на Европа: Заштитата на малцинствата е важна за инклузивно општество

Заштитата на правата на националните малцинства и унапредувањето на еднаквоста и инклузивноста беа во фокусот на средбата меѓу градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, и членовите на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства при Советот на Европа.

Членовите на Советодавниот комитет престојуваат во Северна Македонија во рамки на шестиот циклус на мониторинг, при што во Струга се разговараше за состојбата со заштитата на правата на националните малцинства и примената на принципите на Рамковната конвенција на локално ниво.

На средбата било истакнато значењето на почитувањето на различностите, еднаквиот третман и создавањето можности секој граѓанин да биде слушнат и активно вклучен во општествениот живот.

Струга е мултиетничка средина во која различни заедници со генерации живеат заедно, што ја нагласува важноста од градење меѓусебно почитување и отворен дијалог.

Од Општина Струга посочуваат дека остануваат посветени на соработката со релевантните институции и унапредувањето на правата, еднаквоста и заедничкото живеење на локално ниво.

StrugaOnline

error: